Лидерот на грчката опозиција и претседател на Сириза, Алексис Ципрас, на Твитер објави дека е позитивен на ковид-19. Вели дека досега имал благи симптоми, додека неговата сопруга и децата се негативни, објави „Катимерини“.
„За среќа, Бети и децата се негативни. Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав“, напиша Ципрас.
Ципрас прими бустер доза од вакцината против коронавирус на 13 ноември лани.