ИМА ПОВЕЌЕ ОД 50 МРТВИ Воздушен напад врз училиште во Етиопија

272

Повеќе од 50 лица загинаа во воздушен напад врз училиште во северниот дел на Етиопија, регионот Тиграј, јавија британските медиуми, повикувајќи се на хуманитарни извори.

Во училиштето се наоѓало засолниште за раселените лица од  конфликтот меѓу федералната и регионалната влада, изјавија двајца хуманитарни работници.






Воздушниот напад бил изведен вчера врз градот Ади Даеро, и бил еден од најсмртоносните во речиси двегодишната војна, во која загинаа илјадници, а раселени се милиони луѓе, јавија британските медиуми.

Етиопските власти не излегоа со одговор на барањата на британските медиуми за коментар за инцидентот.

Преживеаните од нападот им кажале на хуманитарните работници кои побегнале во градот Шире, оддалечен околу 25 километри, дека во нападот се убиени најмалку 50 лица, додека повеќе од 70 се повредени.

Друг хуманитарен работник изјави дека загинале 62 лица.

Канцеларијата за надворешни односи на регионалната влада во Тиграј соопшти дека во нападот загинале 65 лица, а 70 се повредени.

Поврзани содржини