ИМА ОДЛИЧНО CV, НО ГО ПОВЛЕКОВМЕ НЕЈЗИНОТО ИМЕНУВАЊЕ И коалицијата Вреди се огласи за ИПА-ревизорката Вервизоли

Дополнително, од Вреди, како и од владата, сметаат дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото.

554

Коалицијата Вреди попладнево соопшти дека уште пред неколку дена го повлекла именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите. Иако, како што наведуваат од коалицијата, таа има одлично CV и значително професионално искуство, донесена е одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нивните редови.

„Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона ја заврши својата обврска со добивање на сертификатот“, се наведува во соопштението.






Дополнително, од Вреди, како и од владата, сметаат дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото.

„Овие злоупотреби не само што оставиле траги во документацијата, туку и предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата3, се наведува во соопштението.

Од Коалицијата велат дека се посветени на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови.

„Ќе продолжиме да дејствуваме во најдобар интерес на граѓаните, со цел да обезбедиме правилно искористување на ресурсите и да се спречат понатамошни злоупотреби“, се наведува во соопштението од коалицијата.

Поврзани содржини