ИМА НЕКАКВА СОГЛАСНОСТ, АМА СЀ УШТЕ НЕМА ДОГОВОР Преговорите со Алијанса за Албанците мрднаа од место, открива портпаролот на ЕСП

На средбата изминативе деновиве со косовскиот премиер Албин Курти, има некаква согласност дека ќе биде дел од опозицијата, но нема некој договор. За тоа ќе бидете информирани во деновите што следат - изјави портпаролот Исени на денешната прес-конференција во прес-центарот на ЕСП.

558

Портпаролот на Европскит сојуз за промени (ЕСП) Астрит Исени денеска на прес-конференција изјави дека има некаква согласност, но дека нема договор со Алијансата на Албанците да биде дел од опозицискиот блок.

Тој најави дека Европскиот сојуз за промени ќе информира за тоа во наредните денови.






– На средбата изминативе деновиве со косовскиот премиер Албин Курти, има некаква согласност дека ќе биде дел од опозицијата, но нема некој договор. За тоа ќе бидете информирани во деновите што следат – изјави портпаролот Исени на денешната прес-конференција во прес-центарот на ЕСП.

Дополнително ќе информираат, како што кажа, и за тоа кој ќе биде нивниот претседателски кандидат откако ќе разговараат во коалицијата.

Лидерот на АА Арбен Таравари денеска потврди дека било разговарано тој да биде кандидат на опозоцијата за претседател, но за МИА тој рече дека не е заинтересиран за тоа.

Поврзани содржини