ХРВАТИТЕ НИ ГО ЗЕМАА МОРЕТО Орбан бара гаранции за нов нафтовод за да го поддржи ембаргото за руска нафта
Оние што имаат море и пристаништа, можат да носат нафта со танкери. Да не ни го земеа морето, ќе имавме пристаниште, рече Орбан во радио-интервју, мислејќи на хрватското крајбрежје кое некогаш беше под Унгарија.
На Унгарија ќе ѝтреба нов нафтовод за да го обезбеди снабдувањето со нафта, што ќе ја поврзе со Хрватска, која има излез на море и само така ќе може да се согласи на нафтеното ембарго за руската нафта кое го предложи Европа. Затоа, Орбан бара гаранции дека Загреб ќе се вклучи во изградбата на оваа инфраструктура, како и гаранции за европско финансирање, објасни вропски дипломат за France Presse.
– Оние што имаат море и пристаништа, можат да носат нафта со танкери. Да не ни го земеа морето, ќе имавме пристаниште – рече Орбан во радио-интервју, мислејќи на хрватското крајбрежје кое некогаш беше под Унгарија, пишува Политико.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната средба со Орбан во Будимпешта оцени дека е постигнат напредок во разговорите со Унгарија за предложената забрана на Европската унија за увоз на руска нафта, но дека треба уште многу да се работи, пренесува Н1.
„Вечерашниот разговор со премиерот Виктор Обан помогна да се разјаснат прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност. Имаше напредок, но потребна е понатамошна работа“, напиша на Твитер Фон дер Лајен, кој пристигна во Будимпешта на Твитер за да се обиде да го отстрани унгарското противење на предложеното ембарго на ЕУ.