ИМА НАДЕЖ ЗА МОМЧЕТО КОЕ ПАДНА ВО БУНАР ВО МАРОКО Дупката е пробиена, му пратија кислород и вода (ВИДЕО)

Во овој момент, дупчењето на дупката напреднало до длабочина паралелна со онаа каде што се наоѓа момчето, а во тек е последната фаза на копање. Треба да се избушат 32 метри. Се очекува момчето да биде спасено, а моментално му доставиле кислород и вода.

986

Петгодишно момче од Мароко, Рајан, кое во вторникот паднало во бунар длабок 32 метри, сѐ уште е во него, додека спасувачите на сите начини се обидуваат да го извлечат. Копаат дупки паралелно со бунарот, а истовремено му доставуваат кислород и вода на детето. До него била спуштена и камера за постојано да се следи неговата состојба, пренесува Б92.

Во овој момент, дупчењето на дупката напреднало до длабочина паралелна со онаа каде што се наоѓа момчето, а во тек е последната фаза од копањето.

 






Мароканската новинска агенција МАП, исто така, објави дека дупчењето дупка низ која планираат да го извлечат момчето е при крај, со надеж дека „во следните неколку часа ќе достигне 32 метри“.

 

Тамошните медиуми јавуваат дека се очекува момчето наскоро да биде спасено. Покрај бунарот постојано дежура и екипа на Брза помош која по извлекувањето на момчето ќе ги изврши првите прегледи и евентуалната реанимација. Спасувачите преку цевка му доставиле кислород и вода на момчето, а полициски хеликоптер е на подготвеност за да го однесе во блиската болница.

 

Владиниот портпарол Мустафа Баитас вети дека детето наскоро ќе биде спасено. „Нашите срца се со семејството и се молиме што поскоро да се врати со нив.

Поврзани содржини