„ИМА НАДЕЖ ЗА МИР ВО УКРАИНА“ Венс испрати оптимистичка порака од Италија

Американскиот потпретседател ова го изјави на средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.

145

Повеќе измешани пораки доаѓаат од САД, а Џеј-Ди Венс сега вели дека е „оптимист“ дека може да се постигне мир во Украина, само неколку часа откако Марко Рубио рече дека Вашингтон е подготвен да ги напушти разговорите поради недостиг на напредок, јави Скај Њуз.

Американскиот потпретседател ова го изјави на средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.






– Со оглед на тоа што има преговори, нема да ги прејудицирам, но се чувствуваме оптимисти дека можеме да се надеваме дека оваа војна, оваа многу брутална војна, ќе заврши – им рече тој на новинарите што седеа покрај Мелони.

Трамп вчера рече дека чувствува дека прекинот на огнот е „блиску“ и дека Москва треба да му одговори во врска со неодамнешниот предлог, но Рубио утринава се закани дека „ќе продолжи понатаму“ доколку не се постигне итен напредок.

Поврзани содржини