ИМА МНОЗИНСТВО ПРАТЕНИЦИ КОИ МОЖАТ ДА ИЗГЛАСААТ ДВОЈНИ ИЗБОРИ Демократски сојуз апелира што побргу да се распушти парламентот

Натамошното опстојување на Владата под водство на ДУИ го загрозува единството и националните интереси на Македонија – се вели во соопштението на ДС.

551

Демократскиот сојуз смета дека во Собранието има мнозинство пратеници кои можат да донесат одлука за распуштање на Парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг претседателски и парламентарни избори во ист ден.

„Од 13 март 2024 година почнуваат уставните и законските рокови за одржување претседателски избори, при што парламентарните партии кои можат да формираат мнозинство за распуштање на Парламентот треба да го утврдат изборниот тајминг.






По катастрофалниот Извештај на Европската Комисија и колапсот на владините институции, дуизацијата и криминализацијата на државата, сосема е извесно дека Владата нема легитимитет и натаму да владее. Натамошното опстојување на Владата под водство на ДУИ го загрозува единството и националните интереси на Македонија.

Ја поздравуваме најавата на Алијансата на Албанците дека не сака и натаму да биде „патерица на ДУИ” и се приклучува на определбата на опозиционите партии за што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање избори“ – се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Поврзани содржини