ИМА МНОГУ ЗАБОЛЕНИ ОКОЛУ МЕНЕ Владимир Путин најави самоизолација
Треба да разбереме што навистина се случува. Мислам дека и јас наскоро ќе бидам во карантин, рече рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со параолимпијците во Кремљ.
Рускиот претседател Владимир Путин би можел насоро да оди во изолација поради тоа што луѓето коишто биле во негова близина закачиле корона.
Ова денеска тој самиот го изјави за медиумите и додаде дека лекарите ја проучуваат ситуацијата.
– Можеби наскоро ќе треба да се изолирам, многу луѓе се болни. Лекарите ја проучуваат ситуацијата, бидејќи и во мојата средина има заболени со вирусот. Треба да разбереме што навистина се случува. Мислам дека и јас наскоро ќе бидам во карантин – рече Путин за време на разговорот со параолимпијците во Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, рече дека сè уште нема промени во врска со распоредот на Путин. Тој објасни дека рускиот претседател фигуративно зборувал за можноста за карантин поради ситуацијата со коронавирусот.