ИМА МНОГУ УЛИЧНИ КУЧИЊА, ГИ ЗАЛОВУВАМЕ НА ХУМАН НАЧИН Општина Карпош признава дека има проблем со бездомните животни

Екипите од ЈП Лајка веќе се на терен на повеќе локации во општината при што се врши заловување и хуман третман на кучињата согласно процедурите и стандардите за благосостојба на животните“, се вели во соопштението на Општина Карпош. 

468

Општина Карпош потврдува дека бројот на бездомни кучиња на територијата на оваа општина навистина е зголемен во последно време, како што претходно алармираше Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, и исто така побара интервенција на надлежните служби.

„Општина Карпош Ве известува дека будно ја следи состојбата со зголемениот број на улични кучиња на наша територијата и од тие причини веднаш реагиравме до Град Скопје и ЈП Лајка со барање за заедничка соработка и решавање на овој проблем. Екипите од ЈП Лајка веќе се на терен на повеќе локации во општината при што се врши заловување и хуман третман на кучињата согласно процедурите и стандардите за благосостојба на животните“, се вели во соопштението на Општина Карпош објавено на социјалните мрежи.






Претходно „Анима Мунди“ јавно побара „итна, темелна и независна истрага“ поради сериозни индиции дека во тек е организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, од други градови, па дури и од соседни земји. Според невладината организација, кај некои од уличните кучиња во Карпош биле забележани ушни маркички од Албанија.

ВО СКОПЈЕ ОТКРИЕНИ УЛИЧНИ КУЧИЊА СО УШНИ МАРКИЧКИ ОД АЛБАНИЈА!? „Анима Мунди“ бара да се спречи нелегалниот прекуграничен транспорт на кучиња

Поврзани содржини