ИМА МЕСТО ЗА ИСТРАГА ЗА ПРИКРИВАЊЕ Адвокатот Туфегџиќ ја коментира снимката од бруталното претепување на ракометарот Тот

Треба да се спроведе истрага и спрема обезбедувањето на ноќниот клуб, кое е одговорно за безбедноста на лица пред влезот на објектот и да се утврдат евентуални пропусти, категоричен е поранешниот судија.

7,677

По објавата на снимката од бруталното претепување на хрватскиот ракометар Денис Тот пред клубот „Привилиџ“ во Скопје, на Фејсбук се огласи адвокатот Владимир Туфегџиќ, доскорешен судија, со оценка дека не може да се согласи дека во конкретниот трагичен настан нема место за истрага за прикривање.

„Имено, непосредно после узнавањето дека починал младиот ракометар, на јавноста ѝ е пласирана „вистина“ дека починал од срцев удар, за да потоа биде соопштено дека случајот бил пријавен од девојка која случајно го пронашла како лежи на земја во близина на ноќниот клуб“.






„Од денес објавените снимки јасно се гледа дека настанот се случил пред влезот на ноќниот клуб пред кој имало повеќе од три лица инволвирани во настанот како и неколку лица-сведоци на настанот, од кои едно лице се обидува да го заштити младиот човек кој непомично лежи на асфалтот“, објаснува Туфегџиќ.

Од снимките јасно се гледа дека ниту кон лицето кое го предизвикало настанот ниту кон девојката, обезбедувањето воопшто не реагира, додава тој и заклучува:

„Во најмала рака, треба да се спроведе истрага и спрема обезбедувањето на ноќниот клуб кое е одговорно за безбедноста на лица пред влезот на објектот и да се утврдат евентуални пропусти“.

Поврзани содржини