ИМА МАЛ НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ Средбата Зеленски-Путин е можна, ама прво да се подготвиме

Има одредени позитивни поместувања, ми велат преговарачите од наша страна, рече Путин во друштво на неговиот белоруски колега Лукашенко, со кој денеска се состануваат.

1,105

Има мало поместување во преговорите меѓу Украина и Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, иако не прецизираше во врска со што, додека официјален Кремљ не негира дека тет-а-тет средба Путин-Зеленски е можна, но со претходна подготовка.

– Има одредени позитивни поместувања, ми велат преговарачите од наша страна – рече Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, додавајќи дека разговорите продолжуваат „практично на дневна основа“.






Според Дмитриј Песков, првиот човек на Кремљ, средбата треба да биде темелно подготвена за да даде резултати.

– Никој не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Зеленски. Теоретски, тоа е навистина можно – истакна Песков.

– Ставот на Русија не е тајна, тој беше формулиран и претставен на украинските преговарачи. Ги чекаме нивните појаснувања – додаде тој.

Поврзани содржини