ИМА ЛИ УШТЕ МЕСТО ЗА ИНЗАГИ ВО ИНТЕР? Италијанскиот стратег е на два ума
Италијанските медиуми неодамна објавија информација дека Инзаги има богата финансиска понуда од саудиски Ал-Хилал.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги утре ќе одлучи за својата професионална иднина. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Инзаги ќе се сретне со раководството на „Нероаѕурите“.
Италијанските медиуми неодамна објавија информација дека Инзаги има богата финансиска понуда од саудиски Ал-Хилал.
Актуелниот договор на 49-годишниот италијански фудбалски стручњак со Интер е до 30 јуни 2026 година.
Во саботата Интер загуби од ПСЖ со 5:0 во финалето на Лигата на шампионите.
Претходно тимот на Инзаги остана без трофејот во Серија А, како и во Купот на Италија.