ИМА ЛИ ТАЈНА ВРСКА ПОМЕЃУ СДСМ И СИНДИКАТОТ? Филипче му порача на Мицкоски дека му е работа да најде пари за плати

Премиерот мора добро да испланира во буџетот како ќе продолжи да ги зголемува платите на работниците, не да се обидува да продолжува со политиката од едно минато време, од минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога Северна Македонија беше рај на евтина работна сила - истакна Филипче од Струмица.

169

Барањата за зголемување на платите потекнуваат од работниците и премиерот Христијан Мицкоски тоа мора добро да го знае, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на новинарско прашање за сомнежите на премиерот Христијан Мицкоски дека синдикатите се синхронизирани со СДСМ во барањата за повисоки плати.

– Премиерот мора добро да испланира во буџетот како ќе продолжи да ги зголемува платите на работниците, не да се обидува да продолжува со политиката од едно минато време, од минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога Северна Македонија беше рај на евтина работна сила – истакна Филипче од Струмица.






Тој вели дека владата на СДСМ и покрај кризите во кои функционирала државата – ковид, економска и енергетска, секогаш имало пари за работниците.

– Можете да замислите што ќе се случи ако такви кризи ѝ се случуваа сега на оваа влада? Таа не може да се снајде во овие услови кога нема некаква криза што да мислиме ако повторно настане некаква криза. Што ќе биде со државата ако ВМРО-ДПМНЕ ја води владата и државата во време на некаква криза. Веројатно некаков game over, крај на играта – вели Филипче и додаде дека граѓаните и работниците знаат дека тие се природен партнер на Социјалдемократскиот сојуз и дека и во најтешките времиња СДСМ секогаш се грижи за работниците и за подобрување на нивниот стандард и услови за живот.

Премиерот Христијан Мицкоски му возврати на Филипче дека „СДСМ тоа што го кажува во јавноста е само продолжување на оние стари политики, како што беа модуларните болници, злоупотребите во здравство, криминали, тендери, јавни партнерства по трипати поголеми цени од тоа кое што нормално треба да биде“.

– Јас разбирам дека тие се сега уплашени за тоа што следи во периодот којшто е пред нас и ако објективно ги гледаме пораките коишто во јавноста се присутни, ќе видите како веднаш после неколку часа, после претседателот на Синдикатот реагира претседателот на СДСМ и тоа дава една доза на сомнеж. Јас не велам дека тие се координирани, но чудно е како утринските соопштенија од СДСМ кореспондираат со ставовите на претседателот на Синдикалната организација, која што патем речено имаше можност кога беше СДСМ движечка партија во Владата да потпише колективен договор, па потоа видовме како на отворена сцена беше изиграна – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини