ИМА ЛИ ШАНСИ ТАЈВАН ДА Ѝ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА КИНА? Асиметрична војна во поморскиот теснец

Тајван има само 215.000 војници, а смета на помошта од милион резервисти кои служеле војска и пред една деценија. Додека САД и сојузниците вбризгуваат пари за реформи во војската, земјата се надева на асиметрична одбрана што би значела паралелен напад на другата страна од поморскиот теснец за да се задржи блокадата која Кина ќе ја направи со бродови и со авиони во воздухот. Меѓу другото, тајванската војска не е доволно мотивирана бидејќи еден полковник зема само 2.816 долари месечно.

1,081

Милион резервисти и 215.000 млади регрути има на располагање армијата на Тајван, во случај на кинеска инвазија, а доколку биде блокиран тајванскиот поморски теснец земјата се надева на помош од своите сојузници за изведување на планот објаснет како „асиметрична одбрана“.

Какви се шансите Тајван да го задржи нападот во услови кога Кина, за само една година прелета 554 пати над островот, и располага со подготвена морнарица и е спремна за хибридна и психолошка војна со сите, па и со САД?






„Асимтерична одбрана“ во превод значи дека Тајван „ќе му се спротивстави на непријателот на спротивниот брег, ќе го нападне на море, ќе го уништи во приморската област и ќе го уништи на брегот на плажата“, вели тајванското Министерство за одбрана, во новообјавена „бела книга“. Според извештајот, кинеската војска(ПЛА), веќе развила способност да ги блокира главните аеродроми и пристаништа на Тајван, па пршање е колку од тајванската доктрина би била остварлива во директен судир на двете страни – пишува АлЏезира.

Истовремено, Пентагон изјави дека Кинезите ќе имаат капацитет да го „присилат раководството на Тајван на преговарачка маса“ уште во 2027 година, за кога и многумина предвидуваат дека ќе започнат воените дејствија. Петте милијарди долари кои поранешниот американскиот претседател Доналд Трамп му ги даде на Тајван за опрема и новите 750 милиони од актуелниот претседател Џо Бајден да се модернизира тајванската војска, се премали за реформа, па земјата побара уште 9 милијарди за следните пет години.

фото: твитер

Тајван има 215.000 војници, а смета на милион резервисти

Од повеќето Тајванци се бара да отслужат воениот рок што, теоретски, треба да ги подготви да ја надополнат професионалната војска, која сега е ограничена на околу 188.000 војници, според податоците од буџетот, а се зголемува на 215.000 ако во равенката се вклучат цивилните изведувачи и приправниците.

Тајван има мала војска типична за повеќето демократии кои не одржуваат големи армии туку се потпираат на резервисти. Резервистите би одиграле клучна улога на поддршка за преместување на бомбардираните писти, поправката на возила и едноставно копањето на ровови. Во случај на напад, околу еден милион од овие резервисти, оние кои ја завршиле својата национална служба во изминатите осум години, би можеле да бидат повикани во првиот круг на мобилизација.

„Регрутите се поголем товар“

И покрај важната улога на резервистите, Тајван се соочува со прашањето дали тие се способни за вистински борби и дали постои соодветен систем за нивно надгледување доколку се мобилизирани во воено сценарио.

По завршувањето на националната служба, која беше намалена на четири месеци од една година пред околу една деценија, повеќето резервисти се обврзани да се вратат на околу една недела обука за отповикување во две одделни прилики за да ги подобрат своите вештини. Во пракса, сепак, резултатите од ова се мешани.

Нема кој да ги тренира старите резервисти

Подобрувањето на практичните вештини и обуката се само еден дел од равенката. Друг проблем е што војската на Тајван е лошо структуирана бидејќи има речиси 90.000 воени подофицери – тоа се обични војници кои од почеток се искачиле низ чиновите, наспроти 44.127 војници и 36.232 академски образувани офицери кои влегоа во војска со повисок ранг.

Вен-Ти Сунг, предавач на Програмата за студии за Тајван на Австралискиот национален универзитет, вели дека Тајван има само околу 40 отсто од офицерите и 60 отсто од подофицерите кои се потребни да ги надгледуваат, обучуваат и координираат отповиканите резервисти како дел од тајванска одбранбена стратегија.

Тајванските поручници ги плаќаат само 1.867 долари месечно

Во моментов, тајвански поручник заработува само 1.867 долари месечно, додека полковник, една од највисоките позиции во повеќето војски заработува 2.816 долари. Ова не е многу повеќе од просечната месечна плата во земјата.

Новата бела книга на Министерството за одбрана, предлага подобро домување, грижа за нивните деца и повеќе курсеви за развој на нивната кариера, но не е јасно дали тоа ќе биде доволно за да ги привлече луѓето да се пријават во војска.

Слабата плата ја „растури“ и американската војска

– Како да ги натерате (професионалните регрути) да веруваат дека приклучувањето во војската не е доживотна обврска, дека тие би можеле да имаат втор живот надвор од војската? Тоа е она што се случи со американската војска, повеќето луѓе кога ќе ја напуштат службата имаат втор живот-вели Лиао од Doublethink, опишувајќи како Тајван сега е во „трка“ со времето.

Пешадијата и граѓаните ќе ја завршат работата

Засега, мали работилници се организирани од групи надвор од владата за да ги обучат цивилите за вештини како што е тактичкото гаѓање или пак вештини за давање прва помош во услови на големи катастрофи.

– Ние веруваме дека отпорното и подготвено општество ќе одигра голем фактор за тоа дали властите во Пекинг на крајот ќе одлучат да употребат сила. Тоа значи дека зад тие 180.000 до 200.000 силни војници, имаме систем на резервисти и цивили кои се обучени и опремени да се мобилизираат во итни случаи. Идејата е цивилното население да ја надополни силата на нашите редовни сили, рече Енох Ву, основачот на „Алијансата напред“, кој некогаш служел во специјалните сили на Тајван.

Војната ќе биде во 2027 година?

– Колку повеќе потенцијални сојузници Тајван може да обезбеди, толку повеќе ќе ја неутрализира способноста на Кина за напад – изјави Сунг од АНУ за Ал Џезира, додавајќи дека сојузници може да бидат и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и некои европски земји.

– Гледаме процени кои ја ставаат 2027 година, повеќе или помалку, во однос на тоа дека Кина има доволно конвенционална супериорност за успешна офанзива, но ако разговарате со повеќе од војниците, тие ќе ви кажат дека можеби ова ќе биде во 2035 година – вели тој.

Поврзани содржини