ИМА ЛИ СЕГА ПОМАЛКУ БОТОВИ НА ТВИТЕР? Илон Маск ги праша луѓето, тие се поделени
Анкетата која Илон Маск ја започна пред 3 часа веќе ја одговориле речиси милион луѓе, поточно 970 606 твитерџии. Резултатите засега се скоро 50-50. Благо предничат оние кои одговориле со „да“ со 52,3 отсто спроти оние со „не“ со 47,7 отсто.
Најбогатиот човек на светот реши сам да ги праша корисниците на Твитер „дали сега гледате прилично помалку ботови, спам и измами на мрежата“. Ова доаѓа само неколку дена откако мрежата почна да наплаќа 8 долари ако сакате да имате „сина штикла“ дека вашиот профил или профилот на вашата страна, група или фирма е автентичен, а не лажен.
Ако сте на Твитер и го следите Илон и самите може да гласате бидејќи анкетата е уште отворена.
Are you seeing far fewer bots/scams/spam?
— Elon Musk (@elonmusk) November 10, 2022
Анкетата која Илон Маск ја започна пред 3 часа веќе ја одговориле речиси милион луѓе, поточно 970 606 твитерџии. Резултатите засега се скоро 50-50. Благо предничат оние кои одговориле со „да“ со 52,3 отсто спроти оние со „не“ со 47,7 отсто.
Ќе продолжи ли ваквиот „пола-пола“ тренд во анкетата? Се смета дека Твитер вкупно во моментов го користат 450 милиони луѓе. Милион од нив веќе се изјаснија. Ако се има предвид дека многу посериозни анкети во политиката се прават и со 1.000 испитаници, тогаш на оваа статистика на Твитер добро ѝ оди.