📽️ ИМА ЛИ НЕШТО МЕЃУ МАСК И МЕЛОНИ? „Убава е, а уште поубава одвнатре“

Не можете секогаш да го кажете тоа за политичарите, се пошегувал познатиот техномилијардер откако и` ја врачи наградата „Global citizen awards“.

1,017

Милијардерот Илон Маск (53), најбогатиот човек на светот, и Џорџија Мелони (47), премиерката на Италија, одлично се согласуваат. Маск покажа колку тие двајцата се сакаат на доделувањето на наградите во Њујорк. Мелони ја доби наградата „Global citizen awards“ од Атлантскиот совет, а престижното признание ѝ го врачи Маск.

Многу луѓе се прашуваат што се случува меѓу нив, пренесува швајцарски „Блик“. Маск ја опсипал политичарката со комплименти на церемонијата одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.






Маск ја опиша десничарката Мелони како „уште поубава внатре отколку надворешно“.

– Не можете секогаш да го кажете тоа за политичарите – се пошегувал Маск.

 

Мелони и Маск седеле еден до друг на настанот и биле видени во сериозен разговор. Двајцата се сретнаа неколку пати во текот на изминатата година, првиот пат во јуни 2023 година во официјалната резиденција на премиерот во Рим.

Маск зборувал и на политички фестивал организиран од десничарската партија на Мелони „Браќа од Италија“. Кога Џорџија Мелони излезе на подиумот, таа му возврати на пофалбите на Маск, нарекувајќи го „скапоцен гениј“.

Мелони во својот говор страсно го бранеше патриотизмот и потеклото. Маск кимна со главата одобрувајќи го нејзиниот говор.

Изборот на Џорџија Мелони за лауреат на наградата налути многумина кои ја истакнаа нејзината блискост со Русија во минатото како и реториката на нејзината партија кон ЛГБТ популацијата.

Сепак, тинк-тенкот ја призна нејзината „силна поддршка за ЕУ ​​и трансатлантската алијанса“, како и нејзиното претседавање со Г7 во 2024 година.

Мелони минатата недела го навлече гневот на јавноста во Италија кога објави фотографија со актерот Мел Гибсон (68) на која и двајцата се насмеани, за време на големите поплави на северот на земјата.

Таа во коментар напиша само „Мел и Мел“.

Поврзани содржини