ИМА ЛИ КРИМИНАЛЕЦ ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ШТО Е ВО ЗАТВОР Опозицијата бара оставка од Маричиќ

Дома наместо во затвор е и Катица Јанева, а низ државата дивее и осудениот за рекет. Наместо во притвор во домашен е и поранешниот командир на полициската станица во Прилеп кој беше фатен заедно со шоферот на Заеви како шверцува дрога, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

783

Рашковски е фатен до гуша во криминал. Сите информации говорат дека инфлагранти местел тендери. Му беше фатена комуникација од која произлегува дека прикрива докази, а тој наместо во притвор или затвор се шета на слобода. Ваков третман немаат други притвореници, само притворените луѓе на Заев, кои очигледно не се знае ниту дали се во притвор, реагира ВМРО-ДПМНЕ и бара министерот за правда Бојан Маричиќ веднаш да си поднесе оставка.

– Дома наместо во затвор е и Катица Јанева, а низ државата дивее и осудениот за рекет. Наместо во притвор во домашен е и поранешниот командир на полициската станица во Прилеп кој беше фатен заедно со шоферот на Заеви како шверцува дрога. На слобода е и шверцерот Боро Марлборо, а од затвор на редовна линија им бегаат затвореници. Ден Дончев кој беше фатен со туце пари отиде во Австралија, а одговорност нема за ниту еден криминалец – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Според опозициската партија, на народот му е преку глава од криминалците на Заев, одговорност мора да има за сите.

Поврзани содржини