ИМА ЛИ КРАЈ НА ОВА САМОПОНИЖУВАЊЕ Димитриевски со порака до Заев дека Македонците сѐ уште се антифашисти
На 11 Октомври ќе треба на кумановската и прилепска Спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен премиер, пишува Димитриевски.
Има ли крај на оваа самопонижување, преку порака на Фејсбук до премиерот Зоран Заев се обрати актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.
„Зоране, пријателе, зборуваш од позиција на премиер во име на сите нас, нè понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Има ли крај на оваа самопонижување?
Македонците и сојузничките балкански народи беа и сè уште се антифашисти.
На 11 Октомври ќе треба на кумановската и прилепска Спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен премиер.
Сега молкот е повеќе од срам!“, напиша Димитриевски на Фејсбук.