ИМА ЛИ КРАЈ НА ОПРАВДУВАЊАТА НА АРСОВСКА? Од СДСМ велат дека Универзална сала е стручно подготвен проект

Од владејачката партија нагласуваат дека редно е Арсовска да прекине да ја лаже јавноста и да се фати за работа, зашто, како што велат, скопјани веќе го изгубиле трпението во „најлошата градоначалничка која некогаш Скопје ја имало“.

380

Данела Арсовска веќе не знае како да се брани поради својата неспособност и започнува со целосни лаги да го правда своето неработење, реагира СДСМ.

„Откако го стопираше проектот за иградба на Универзална сала и двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна лага во јавноста. Целосно е неточно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден. Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има“, се наведува во реакцијата на СДСМ.






Оттаму велат дека проектое бил пратен и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања кој ја потврдил неговата безбедност и стабилност за градба.

Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост. Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може ‘градежен безбедносен проблем’ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска. Јавно ја прашуваме, што се крие зад стопирање на проектот? Која е вистината, има ли бизнис интереси Арсовска и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски од блокирањето на сите проекти започнати од власта на СДСМ?“, прашуваат од СДСМ.

Од владејачката партија нагласуваат дека редно е Арсовска да прекине да ја лаже јавноста и да се фати за работа, зашто, како што велат, скопјани веќе го изгубиле трпението во најлошата градоначалничка која некогаш Скопје ја имало.

Поврзани содржини