ИМА ЛИ ИНСТИТУЦИИ ДА СПРЕЧАТ ПРОВОЦИРАЊЕ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ? Пратеникот Велјановски со осуди за симнувањето на црковното знаме
Ќе реагираат ли веднаш институциите или уште ќе политизираат за политички поени - пишува пратеникот Александар Велјановски во објавата на Фејсбук.
„Има ли држава и институции! Повторно сме сведоци на провокации кои доаѓаат од центри кои имаат намера да испровоцираат меѓуетнички тензии. Најостро го осудувам симнувањето на црковното знаме и подигањето на знаме на друга држава во црквата свети Наум Охридски на Попова Шапка“ – реагираше на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски на симнувањето на црковното знаме на Попова Шапка од страна на две непознати лица.
„Истите институции и политички партии кои беа гласни за тоа што се постави Крст во двор на црква на Попова Шапка, што е легитимно право на една верска заедница да постави верски симбол, очекувам да бидат поактивни и погласни кога спротивно на закон се спушта црковно знаме и на негово место се подига знаме на друга држава.
Ќе реагираат ли веднаш институциите или уште ќе политизираат за политички поени?“, се наведува во објавата на Велјановски вечерва на ФБ.