ИМА ЛЕКАРСКИ ПРЕВИД ВО СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТОТО БЕБЕ Директорите на „Козле“ и на Детска клиника треба да преземат мерки
Верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да имам предрасуди, сепак очекувам од нив да има некаква одговорност, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите на Детската клиника и на болницата ‘Козле’ да преземат мерки за докторите што направиле превид“.
Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција.
Одговарајќи на новинарско прашање за смртта на 14-месечното бебе, кое почина на Детската клиника од бронхопневмонија, Таравари повика на трпеливост.
– Верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да имам предрасуди, сепак очекувам од нив да има некаква одговорност – изјави министерот.
Како што рече, тој не е судија и според неговите ингеренции како министер, ангажирал компетентна комисија, а извештајот е испратен до клиниките и се чека на директорите да постапат.