ИМА ЛЕК ЗА ХАОСОТ ВО ЗДРАВСТВОТО Даниловски фрли елек за спасување, владата на Мицкоски е на потег
Со планирање на изградба на нов Клинички центар дури откако ќе бидат исполнети точките 6 – 10 и 11. Само тогаш би било можно поточно да се процени „товарот со болести“ (веројатниот број на тешки пациенти) врз терцијарното здравствено ниво, а со тоа би можело оптимално да се димензионира новиот клинички центар. Недозволива би била „ѓутуре“ изградба на „фараонска пирамида“, пишува д-р Даниловски.
Меѓу 18 мерки кои ги предлага д-р Даниловски се ригорозна контрола на корупцијата во здравството, воспоставување мерит-систем при вработување, интегрирање на клиниките во еден Клинички центар, но и дисперзија на одредени терцијарни услуги, ревидирање на позитивната листа на лекови, укинување на „економските директори“, нов глобален информатички систем кој ќе го замени Мој Термин…
На крајот тој вели дека сите овие мерки кои ќе доведат до, како што вели, европско здравство, се можни со расположливите средства за здравствена заштита од повеќе од половина милијарда евра.