ИМА ФЕРАРИ, ЛАМБОРЏИНИ И БЕНТЛИ, АМА МАЛ Е ЗА ДА ГИ ВОЗИ 9-годишен милијардер поседува неколку вили, коли и авион

Ова дете има само 9 години, а поседува неколку вили и автомобили и патува со приватен авион. Негов татко е нигерискиот бизнисмен и мултимилионер Исмаили Мустафа.

285

Иако има само девет години, Мухамед Авал Мустафа е можеби најмладиот милијардер во светот. Тој патува низ светот со својот приватен авион, а поседува и неколку вили. Првата ја добил кога имал само шест години, а има и цела флота суперавтомобили, иако е премногу млад за да ги вози и не е доволно висок за да ги дофати педалите.

Тој споделува детали од својот раскошен живот со 36.000 следбеници на Инстаграм. Покажува како додека патува со својот авион ужива во луксузни оброци, а позира и пред скапите Ферари, Ламборџини и Бентли.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини