„ИМА ДОБРИ И ЛОШИ ДЕНОВИ“ Се јави Кејт Мидлтон и раскажа како тече лекувањето

Во лошите денови се чувствувате слабо, уморно и имате потреба да се одморите. Но, во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакам да го извлечам максимумот од тоа добро чувство, изјави британската принцеза.

476

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, денеска изјави дека добро напредува во превентивната хемотерапија, но сѐ уште не е надвор од животна опасност.

– Добро ми е, но како што знае секој кој оди на хемотерапија, има добри и лоши денови. Во лошите денови се чувствувате слабо, уморно и имате потреба да се одморите. Но, во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакам да го извлечам максимумот од тоа добро чувство – рече Мидлтон во писмената изјава, пред утрешното прво појавување во јавноста откако објави дека боледува од рак.






Таа изјави и дека нејзината терапија ќе продолжи уште неколку месеци и дека сѐ уште не е надвор од животна опасност, но дека со нетрпение чека да присуствува на роденденската парада на кралот Чарлс Трети.

Поврзани содржини