ИМА АУТИЗАМ И САКА ДА БИДЕ ДОКТОР ИЛИ ПОП Десетгодишниот Лука ги научил сите црковни песни од својот дедо – поп
Нашата соговорничка е мајка на дете со аутизам и верува дека тој, како и другите деца со попреченост, имаат своја мисија заради која се дојдени на овој свет - за да нè научат како треба.
Битолчанката Ирена Николовска Ристановска е сопруга и мајка на две деца, Лука и Јована. Работи како психолог и секојдневно патува по вкупно 120 километри, до своето работно место во село Жван и назад дома, во Битола. Очекува и се надева дека наскоро овој проблем ќе се реши и таа ќе го добие долгопосакуваното преместување. Нејзиниот сопруг Лазе пак, работи само за време на викендите кога најчесто, Ирена и децата одат во село кај дедо и баба или тие доаѓаат кај нив, затоа што е невозможно еден човек да се справи со двајцата во исто време.
Имено, иако Лука ја сака сестричката, честопати го вознемирува нејзиниот глас. Заради аутистичниот спектар на нарушувања на Лука му пречи детскиот глас, џагорот, но и звукот од сирените на возилата, лаењето на кучињата.
Целиот текст побарајте го на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.