ИМА 300 ТУЖБИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО СТРАЗБУР Претседателот на Европскиот суд повика Маричиќ да води грижа за претставките
Не сум во позиција да дискутирам за случајот кој е во тек, односно податоци за тоа обезбедуваат судовите и нивниот регистар. Тоа не е информација што можам да ја споделам, туку е нешто што може да се добие со барањето во регистарот - појасни Спано.
Претседателот на Европскиот суд за човекови права ( ЕСЧП) Роберт Спано кој е во посета на Македонија на денешната прес конференција во Скопје на новинарско прашање за тоа колку случаи има од земјава во врска со дискриминација и жалби до ЕСЧП против државата, тој одговори дека има 300 тужби.
– Има точно 300 предмети кои се во тек, но ќе ви обезбедиме точен податок по завршувањето на прес-конференцијата. За спроведувањето на пресудите одговорноста на министерот е да го следи постапувањето и министерството или министерот треба да водат грижа за тоа – додаде Спано.
За тоа дали досието за должината на траење на предметите пред ЕСЧП на Македонија се подобрува, тој дополни дека е добро тоа што има реформи.
– Кога станува збор за статистиките поврзани со оваа земја и со многу други земји на Советот на Европа, морам да кажам дека времетраењето на постапките остануваат предизвик – вели Спано.
Соработката на државата со судот во Стразбур е од исклучително голема значење, бидејќи добрата соработка ќе значи намалување на бројот на апликации од Северна Македонија во ЕСЧП, рече министерот за правда Бојан Маричиќ.
– Од име на Владата во септември го потпишав и Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, кој претставува еден важен документ со коj се унапредува соработката на домашните судови со Европскиот суд за човекови права. Со тоа како Влада ја потврдивме безрезервната определба да ги спроведуваме стандардите на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на Европскиот суд за човекови права – посочи Маричиќ.
Со овој Протокол, како што рече тој, се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд за човекови права да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи или нејзините протоколи.
Министерот за правда изрази надеж дека ратификација на овој Протокол ќе се случи наскоро