ИМ ВПЕРУВАЛ ПИШТОЛ И ГИ ТЕРАЛ ДА ВАДАТ ПАРИ ОД БАНКОМАТ Полицијата уапси разбојник од Скопје
СВР Скопје против 27-годишниот маж поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“.
Скопската полиција постигна значителен успех во борбата против криминалот, со приведувањето на 27-годишниот Ј.С., кој е осомничен дека извршил повеќе разбојништва.
Според официјалните информации, на 16.08.2024 година Ј.С. му се заканил со пиштол на едно лице да извади пари од банкомат и го принудил да ги предаде парите.
Само неколку месеци претходно, на 10 мај, тој се обидел со стори исто кривично дело на кејот Димитар Влахов, каде со пиштол се заканил на друго лице, но не успеал да украде пари, бидејќи жртвата немала пари на картичката.
СВР Скопје против 27-годишниот маж поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“.