Тана Монџо, ѕвездата на Јутјуб со 5,45 милиони претплатници, им вети на корисниците на OnlyFans дека ќе им ги испрати своите нецензурирани фотографии доколку гласаат за Џо Бајден на претстојните претседателски избори во САД.
Тана која кратко беше во лажен брак со Џејк Пол, во меѓувреме стана креаторка на попопуларната платформа „OnlyFans“, а воочи изборите одлучила да го искористи тоа и да ги покани да гласаат за Бајден.
Секој претплатник кој ќе ѝ испрати доказ дека гласал за Бајден, ќе добие бесплатна гола фотографија.
„Ако ми испратите доказ дека гласавте за Бајден, бесплатно ќе ви испратам гола фотографија“, напишала таа на Инстаграм заедно со фотографија во бикини што ја споделила со своите следбеници.
Го додала хаштаг #BootyForBiden и линк до нејзиниот профил на OnlyFans, а нејзиниот профил наскоро бил затрупан со пораки.
Поткупот на луѓето да гласаат се смета за кривично дело, како што истакнаа некои на Твитер.
ФОТО: Инстаграм