ИМ ТРГНА ЛИ? Украинците удрија и по трет мост во Курск
Сè уште не е јасен степенот на штетата на мостот, но доколку е целосно или дури делумно уништен, тоа може сериозно да ја попречи способноста на Русија да префрли тешки оклопни возила и друга клучна опрема преку реката Сејм за да се спротивстави на украинскиот упад.
Украина нападна и оштети трет мост на реката Сејм, во близина на селото Кариж во областа Курск во Русија, според член на рускиот Истражен комитет, пренесува Гардијан.
Видео изјава, која го потврдува ударот, беше објавена на каналот на Телеграм на рускиот државен ТВ водител Владимир Соловјов.
Сè уште не е јасен степенот на штетата на мостот, но доколку е целосно или дури делумно уништен, тоа може сериозно да ја попречи способноста на Русија да префрли тешки оклопни возила и друга клучна опрема преку реката Сејм за да се спротивстави на украинскиот упад.
11.50 часот (Ројтерс): Украинските сили го уништија мостот на реката Сејм
Украинските сили уништија уште еден стратешки мост на реката Сејм во областа Курск, што Москва го потврди денеска, наведувајќи во исто време дека во тој регион заробила 19 украински војници, пренесува Ројтерс.
Претставник на рускиот истражен комитет, Владимир Соловјов, на Телеграм објави дека Украина во неделата удрила и оштетила трет мост на реката Сејм, во регион каде што руските и украинските сили се борат веќе 2 недели, откако Украинците ја преминале западната руска граница Русија и влегле на нејзината територија.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Украина употребила западни ракети, најверојатно американски, за да го уништи мостот Сејм во областа Глушково.
📽️УШТЕ ЕДЕН МОСТ ПОМАЛКУ ВО КУРСК Украинците се пофалија со прецизен воздушен удар