🎥 ИМ СЕЧАТ ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО, УРИНИРААТ ПО НИВ И ГИ ТЕПААТ Морничави сцени од Еквадор, киднапираните полицајци молат бандите побрзо да ги убијат!
Откако озлогласениот водач на картелот Адолфо Масијас Виљамар, попознат како Фито, избега од затвор, а претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба и војна против нарко клановите, повеќе од 100 полицајци ширум земјата се киднапирани и измачувани од припадници на нарко бандите.
Војната меѓу државата и наркокартелите во Еквадор штотуку започна, а како што изгледа засега, се чини дека ќе биде најбруталната досега на светот. Побрутална дури и од онаа во Мексико.
Откако озлогласениот водач на картелот Адолфо Масијас Виљамар, попознат како Фито, избега од затвор, државата капитулираше.
Приврзаниците на Фито ја презедоа националната телевизија истата вечер, додека следниот ден морето од криминалци покрена застрашувачки бран насилство низ целата земја.
Паралелно со бегството на Фито на слобода, многу затвореници исто така се обединија во бунт против чуварите и полицајците.
Во моментот кога претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба и војна против нарко клановите, повеќе од 100 полицајци ширум земјата се киднапирани и измачувани, доведени во состојба да ги молат криминалците да ги убијат како што поскоро.
На видеата кои кратко се појавуваат на социјалните мрежи, а потоа се бришат, може да се видат киднапирани полицајци и чувари како ги измачуваат до исцрпеност.
На некои од нив им биле отсечени прстите или ушите, двајца биле претепани речиси до смрт, а на едно видео кое е избришано се гледа како членови на нарко картелот уринираат врз полицајците, покажувајќи што мислат за државата што им објавила војна.
Бранот на насилство започна на 7 јануари кога полицијата се упати во Ла Регионал, затвор во пристанишниот град Гвајакил, каде што беше затворен Адолфо Масијас Фито.
Планот беше да се префрли Фито во Ла Рока, помал затвор во истото круг, кој се смета за побезбеден бидејќи има помалку затвореници.
Меѓутоа, кога полицијата влегла во ќелијата на Фито, ја нашла празна. Владиниот портпарол изјави дека Фито бил информиран за преселувањето и дека побегнал пред преселбата.
Не е јасно точно кога избегал и како, но двајца затворски чувари се обвинети дека му помогнале да избега.