ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ Разбојник ограбил аптека во Ново Лисиче, ама жив го фатиле

Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче, со закана со пиштол кон вработените, одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот.

216

30-годишен маж со пиштол ограбил аптека во Скопје, по што бил уапсен од полицијата.

„На 19 септември 2024 во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(30) од н.Илинден, Скопје.






Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче, со закана со пиштол кон вработените, одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини