ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО НОЖ, ПА ГИ НАПАДНАЛ Скопјанка го пријавила сопругот, ѝ го загрозил животот, но и на нејзините родители
По пријава од сопругата, полицијата приведе 24-годишник кој со остар предмет им се заканувал, а потоа ги нападнал неа и нејзиниот татко.
24-годишен жител на Скопје бил приведен откако со нож им се заканувал на сопругата и на нејзините родители, а потоа и физички ги нападнал во нивниот дом.
Од СВР Скопје информираат дека на вчеравечер во 23:20 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.С. (24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга.
Според пријавата, околу 20:30 часот во домот, додека жената била заедно со нејзините родители, осомничениот со остар предмет им упатувал закани. Потоа, како што наведуваат од полицијата, тој физички ја нападнал сопругата и нејзиниот татко.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.