🎥 ИМ СЕ ЛИЗНА СЕФОТ ОД БАГАЖНИКОТ И ПАДНА СРЕДЕ УЛИЦА Се појави снимка од филмскиот грабеж во Црниче
Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.
На социјалните мрежи доцна беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.
Маркетот бил ограбен откако автомобил влетал во влезната врата. Алармот се вклучил, а разбојниците го зеле сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван.
Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.
„На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле тешка кражба, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од полицијата.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО – ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Пензионерот (@Penzionerot) April 2, 2024
🎥 ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ЦРНИЧЕ Со автомобил влетале низ вратата во маркетот и го однеле сефот