ИМ РЕКОЛ „ЗАТВОРЕНО“ ПА МУ ЈА СКРШИЛЕ РАКАТА Брутално претепан газда на кафана во Куманово

Двајца мажи завршија во 30-дневен притвор откако по полноќ се обиделе насилно да влезат во затворена гостилница и брутално го нападнале сопственикот.

609

Двајца мажи се во притвор поради брутален напад врз сопственик на гостилница во Куманово, кој се случил по полноќ, откако тој одбил да им дозволи влез во веќе затворениот угостителски објект.

Инцидентот се случил на 18 јануари, во 1 часот по полноќ, кога осомничените се обиделе агресивно да влезат во гостилницата со намера и по завршување на работното време да консумираат алкохол. Сопственикот не им дозволил влез, по што ситуацијата ескалирала.






Според информациите од Основното јавно обвинителство Куманово, двајцата продолжиле со насилничко однесување во дворот на објектот, каде физички го нападнале сопственикот, удирајќи го повеќепати по главата и телото. Го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди, меѓу кои скршеница на десната рака и повреда на увото.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против двајцата осомничени поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово им одреди притвор во траење од 30 дена.

Поврзани содржини