ИМ РЕКОЛ НА АМЕРИКАНЦИТЕ ДА ГО ПРЕМЕСТАТ НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ ВО ПОЛСКА Анджеј Дуда шокираше со изјавата за „Фајненшл тајмс“
Изјавата на Дуда доаѓа во време кога Вашингтон интензивно преговара со Киев и со Москва за 30-дневен прекин на огнот. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека доколку Москва го прифати прекинот мировното решение е на дофат.
Полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за „Фајненшл Тајмс“ призна дека му предложил на специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, САД да го премести своето нуклеарно оружје на полска територија.
– Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна, исто така, треба да има поместување на инфраструктурата на НАТО на исток. За мене ова е очигледно – изјави Дуда додавајќи дека би било побезбедно кога оружјето веќе би било во Полска.
Изјавата на Дуда доаѓа во време кога Вашингтон интензивно преговара со Киев и со Москва за 30-дневен прекин на огнот. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека доколку Москва го прифати прекинот мировното решение е на дофат.
Во меѓувреме Москва на Вашингтон му испрати список со свои барања за мир во Украина. Американски преговарач е на пат за Москва за да разговара за деталите.