ИМ РАБОТИ САМО СЕТИЛОТО ЗА МИРИС, НО НЕ И ЗА МОРАЛ! Стоилковски зачуден што министерот Демири ниту чувствува, ниту бара одговорност
10 дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДСМ/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно – не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба, коментира денеска Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста! Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија! 10 дена воздухот не бил компромитиран, само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор. Чувствувањето мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту неговите директори, затоа што, како што вели, кусо време бил министер? – вели Стоилковски.
Според него, ова е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност.
– Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема поим што се случува. Но затоа, Илир Демири е доволно министер на СДСМ/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок. Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДСМ/ДУИ. Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка! – порача Стоилковски.