Пресуден скандалот со 19-годишната девојка?: Метју Пери ја раскина веридбата со 22 години помладата Моли
Метју Пери (51) ја раскинал свршувачката со Моли Хурвиц (29), што славниот Чендлер од „Пријатели“ и официјално го потврдил.
– Понекогаш работите едноставно не успеваат и оваа е една од таквите. На Моли ѝ посакувам сè најдобро – Метју.
За потсетување, актерот и продуцентката се верија во ноември 2020 година.
Пери тогаш ја нарече Моли „најдобрата жена на планетата“, но потоа следеа неколку раскинувања и смирувања. Овојпат, судејќи по неговите зборови, е дефинитивно крај.
До раскинувањето на свршувачката дошло откако Метју повторно стана тема во медиумите и обожавателите поради лошиот изглед, но и поради скандалот во кој флертувал со 19-годишна девојка.
Имено, Пери преку една апликација за запознавање ѝ испраќал пораки на 19-годишната Кејт Харалсон.
„Кога ќе го запознаете Метју Пери на апликација за запознавање, а тој ви поставува 20 прашања“, напишала тогаш Харалсон покрај видеото што го објавила на социјалните мрежи.
„Дали ти секогаш така си играш со косата?“, „Дали сум стар колку твојот татко?“, ја прашувал Пери додека лежел и се смешкал.