Џим Кери повторно удри по Трамп, овојпат со карикатура ФОТО
Актерот смета дека Америка не доволно добро се справува со коронавирусот, па токму затоа на Трамп индиректно му посочи дека не врши добра работа.
Комичарот Џим Кери повторно удри по претседателот на САД, Доналд Трамп, а овојпат со објавување карикатура на социјалните мрежи.
Актерот смета дека Америка не доволно добро се справува со коронавирусот, па токму затоа на Трамп индиректно му посочи дека не врши добра работа.
„180.000 мртви“, напиша Кери под фотографијата.
Инаку, на цртежот има човек на респиратор, а на главата има капа на која пишува: „Направи Америка да умре за него“.
Потсетуваме дека слоганот на Трамп за претседателските избори беше „Направи ја Америка одлична повторно“.
180,000 deaths and counting. pic.twitter.com/Tw4mGxEEEh
— Jim Carrey (@JimCarrey) August 23, 2020