📽️ ИМ ГО ОДЗЕЛЕ ВОЗИЛОТО НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА ПОРАДИ СНИМКА На фамилија од Србија ѝ преседна одморот, еве зошто
Според грчките власти, возилото е одземено на 6 месеци поради прекршување на безбедносните правила за деца при возење.
Снимка од сигурносните камери која покажува како дете ѕирка низ горниот шибер прозорец од автомобил била доволна за грчката гранична полиција да ѝ го одземе возилото на фамилија од Србија која се враќала од одмор преку Бугарија, пренесува Мондо. На излез од Грција се случила вистинска драма, а не изостанаа ниту реакциите на социјалните мрежи.
Според грчките власти, возилото е одземено на 6 месеци поради прекршување на безбедносните правила за деца при возење.
— nista od saradnje (@rekapitulacija) July 22, 2025
Луѓето биле принудени да се превезат до дома со автомобилот на пријатели.
Следеа коментарите.
„Искрено, сосема ми е во ред што го санкционираат. Би избрала и парична казна. Законите се јасни – децата мора да се на седиште, дури и додека чекате во колона, тоа е возење“, напиша една Инстаграмџика.
Друг корисник напишал:
„Ова е казнување за сѐ. Можеше и на кровниот носач да го стави!“, алудирајќи на ригидноста на мерките.