ИМ ГИ ВРАЌАЛ ВОЗИЛАТА НА ДРВОКРАДЦИТЕ, НЕ ПОКРЕНУВАЛ ПОСТАПКИ Кривична за заменик-командир на Шумска полиција
Пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати постапил спротивно на неговите овластувања.
СВР Битола, до Основното јавно обивнителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Т.(58) од Демир Хисар поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”, по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати постапил спротивно на неговите овластувања. Имено, во село Смилево и во село Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата.