„ЏИМ БИМ“ ЈА ЗАТВОРА ГЛАВНАТА ФАБРИКА ЗА ВИСКИ ВО САД Одмаздничките царини на Канада ги преполнија магацините
Здружението на дестилерии од Кентаки (KDA), трговско тело, соопшти дека количината на бурбон во магацините низ целата држава достигна рекордно високо ниво од повеќе од 16 милиони барели.
Jапонскиот гигант „Сантори Глобал Спиритс“ објави дека го запира производството во главната фабриката за виски бурбон „Џим Бим“ во американскиот град Кентаки во текот на целата следна година.
Компанијата соопшти дека периодот ќе „го искористи да инвестира во подобрувања на фабриката“ во услови на голема неизвесност поради намалената продажба во Канада и неизвесноста поради трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Другите објекти на „Џим Бим“ низ САД вклучувајќи ги посебната дестилерија и објекти за флаширање и складирање, ќе продолжат да работат следната година. Центарот за посетители во Кентаки, исто така, останува отворен.
Од „Џим Бим“ каде работат 1.000 луѓе изјавија дека работниците ќе бидат на одмор додека е запрено производството.
Здружението на дестилерии од Кентаки (KDA), трговско тело, соопшти дека количината на бурбон во магацините низ целата држава достигна рекордно високо ниво од повеќе од 16 милиони барели.
Американските дестилерии се соочија со одмазднички увозни даноци на нивната стока откако Трамп воведе царини за повеќето земји низ светот во април.
Трговските тензии меѓу САД и Канада, исто така, влијаеја на продажбата на алкохол, при што повеќето канадски провинции ги бојкотираат американските жестоки пијалоци претходно оваа година.