ИЛОН МАСК ЗНАЕ КОЈ Е ТВОРЕЦОТ НА БИТКОИН? Трилијардерот излезе со бизарна теорија на Твитер
Сатоши Накамото можеби е комбинација од првичните слогови на компаниите Самсунг, Тошиба, Накамичи и Моторола, според сликата која ја објавил Илон Маск.
Псевдонимот Сатоши Накамото, на наводниот креатор на криптовалутата Биткон веќе не е мистерија, или барем така се пошегува трилијардерот Илон Маск на својот Твитер, пишува Футуризам. Можно ли е Сатоши Накамото да е кованица од имињата на четирите големи корпорации Самсунг, Тошиба, Накамичи и Моторола?
— Elon Musk (@elonmusk) March 9, 2022
Ова доаѓа како изненадување, бидејќи уште лани во декември, Макс изнесе друга идеја за наводниот Накамото. Тогаш тој тврдеше дека творецот на Биткоин е Ник Сабо, компјутерскиот научник кој беше пионер на паметните договори уште во средината на 2000-тите.
Сабо, уште во 2017 година негираше дека тој е вистинскиот Сатоши, но контроверзите околу него остануваат. Случајот со Накамото лани во ноември зарши на суд кога програмерот Крег Рајт од Австрлија беше обвинет дека тој е вистинскиот Накамото.
Едно е сигурно. На творецот на Биткоин му бил потребен псевдоним, па сосема е можно да си поиграл со слогови од големите компании.