Основачот на „СпејсХкс“ и „Тесла“, Илон Маск (48), им откри на следбениците на социјалните мрежи дека стана татко по шести пат на 4 мај.
Богатиот бизнисмен доби дете со канадската пејачка Клер Елиз Бушех, попозната како Гримс, која е 16 години помлада од него.
„Мајката и бебето се добри“, напиша Маск, не сакајќи да го открие полот е детето – веројатно поради претходната изјава на неговата свршеница дека тој „ќе му дозволи на детето да одлучи само за кој пол“.
Но, подоцна, на прашањето на еден следбеник на социјалните мрежи дали е момче или девојче, Маск напишал дека добил син. На прашањето за името на момчето, Маск ги изненадил следбениците со одговорот дека бебето се вика X Æ A-12 Mаск.
Маск од претходниот брак има пет сина. По осум години брак со канадската новелистка Џастин Вилсон, тие се разведоа.
ФОТО: Твитер