Илон Маск нема да му го даде бизарното име на новородениот син, незаконско е

716

Два дена откако Илон Маск и неговата сопруга, канадската пејачка Грајмс го најавиле раѓањето на нивниот син и на социјалните мрежи го споделиле неговото единствено име – X Æ A-12 – адвокатот за семејно право Дејвид Глас објаснува дека се додека името не биде технички легално, државата нема да го признае.

– Во Калифорнија можете да користите само 26 знаци на англискиот јазик за името на своето дете –  објаснува тој. „Значи, не можете да имате броеви, римски цифри, акценти, звучни промени или други симболи и емотикони. Иако, на пример, апостроф за име како О’Конор е прифатливо.“






Глас тврди дека, доколку родителите во крштеницата го внесат името X Æ A-12 со броеви цртички и симболи, ќе бидат одбиени и од нив ќе се бара да поднесат нов матичен лист.

– Имаат можност да поднесат жалба доколку ги одбијат, но малку е веројатно дека одлуката ќе се промени, бидејќи Калифорнија се бори за користење на одредени симболи – додал Глас.

Откако Грајмс на Твитер го објасни значењето на името што таа и Илон Маск им ги дале на нивниот новороден син, се појави и самиот Маск, исправајќи ја новата мајка.

Маск забележал грешка во нејзиниот статус и ја предупредил по што не изгледал премногу импресиониран од нејзиниот потег.

„СР-71, но да“, напиша тој, корегирајќи го објаснувањето дека А-12 го означува нивниот омилен авион.

Целото име на нивниот син е X Æ A-12, но се чини дека неговото име не е дозволено со закон во Калифорнија. Си-ен-ен пишува дека причината не е само тешкотијата во изговарањето на името, туку и затоа што буквата Æ не постои во американската азбука. Поради ова, Маск и Грајмс можеби нема да можат да му го дадат ова чудно име на својот новороден син.

Поврзани содржини