Oткако напиша чиј е Тесла, Илон Маск ги „запали“ Хрватите и Србите
Неговиот коментар собра над 13.000 лајкови, а твитот ги раскара Хрватите и Србите. Некои коментираат дека Тесла е роден во Австро-Унгарија.
Коментирајќи ја веста на Твитер за зголемувањето на продажбата на „Тесла“ автомобилите во Хрватска, Илон Маск, напиша дека Никола Тесла е роден во Хрватска, од српски родители.
– Никола Тесла е роден во Хрватска од српски родители – напиша Маск.
Tesla Model 3 Leads in BEV Sales in Croatia in June & in 1H 2021https://t.co/xB1NRussTT
— Tesmanian.com (@Tesmanian_com) July 7, 2021
Неговиот коментар собра над 13.000 лајкови, а твитот ги раскара Србите и Хрватите. Некои коментираат дека Тесла е роден во Австро-Унгарија.
Никола Тесла е роден на 10 јули 1856 година во Смилјан, како дете на локален свештеник на Српската православна црква Милутин Тесла, на подрачјето на тогашна Австрија, денес Република Хрватска.
Во периодот од 1881 до 1882 работел во Будимпешта во Централната телеграфска канцеларија и токму таму започнал со пронајдоците, го усовршува апаратот за засилување на гласот кај телефоните.
Кон средината на 1882 година заминал во Париз, па во 1884 година пристигнал во САД каде работел и живеел до крајот на животот. Починал на 7 јануари 1943 година во Њујорк.