Милијардерот Илон Маск и неговата партнерка пејачката Грајмс мораа да му го променат шифрираното име на своето новороденче, поради тоа што името не било во согласност со калифорниските закони.
Маск и Грајмс на своето новороденче му го дадоа крајно необичното име X-AE-A-12. Како што објаснија, детето го добило името според математичкиот X (непознато), АЕ што значи љубов или вештачка интелигенција, А-12 омилениот авион на Маск.
Но, калифорниските закони, каде детето требало да биде запишано во матичната книга на родени, не дозволуваат бројки во името, туку само букви од англиската азбука.
Поради законот на Калифорнија Маск и Грајмс името на своето дете го промениле во „X-AE-A-Xii“ , напишала пејачката на својот профил на Инстаграм. Што значи, наместо бројот 12 ја додале римската ознака на истиот број.