ИЛОН МАСК ГО ПОФАЛИ МЕДВЕДЕВ Се гледаме на Денот на победата во Москва

Потоа Маск го праша Медведев „како оди работата во Бахмут“, еден од украинските градови каде што руските трупи напредуваат, а Медведев кратко напиша: „Се гледаме на Денот на победата во Москва“.

1,245

Најбогатиот човек на светот по сѐ изгледа ги покажува своите симпатии кон Русија. Или така можеби се толкува неговиот последен твит каде што тој го пофали Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател затоа што се подбивал со британската премиерка во заминување, Лиз Трас, која вчера си даде оставка. Медведев ги спореди шесте недели власт на Трас со зелка која обично трае подолго од тоа време.

 






„Збогум Лиз Трас, ѝ честитам на салатата“, објави вчера Медведев, а на тоа Маск му напиша:

„Прилично добро тролање, да бидам искрен“.

Потоа Маск го праша Медведев „како оди работата во Бахмут“, еден од украинските градови каде што руските трупи напредуваат.

Медведев кратко му одговори:

„Се гледаме на Денот на победата во Москва“.

Поврзани содржини