Милијардерот Илон Маск заедно со својата сопруга, пејачката Грајмс, во моментот времето го поминуваат во Тексас заедно со нивниот син.
Извршниот директор на „Тесла“ и основач на компанијата „Спејс Икс“, на Твитер споделил ретка семејна фотографија.
Илон, Грајмс и нивниот син X Æ A-12 позираат на фотографијата, додека момчето, кое ќе наполни една година во мај, љубопитно го набљудува светот околу себе, а особено букетот цвеќе кој се наоѓа пред него.
Како што Маск открил во описот на фотографијата, семејството се наоѓа на крајбрежјето во Тексас, каде што милијардерот планира да го направи новиот град „Старбејс“.
Илон и неговата сопруга ретко споделуваат семејни фотографии на социјалните мрежи, па оваа фотографија ги воодушевила неговите обожаватели.
Маск досега во брак бил трипати и е татко на уште пет деца од претходните љубовни врски.
Starbase, Texas pic.twitter.com/mt4IpqqmjF
— Elon Musk (@elonmusk) March 8, 2021
ФОТО: Твитер