ИЛОН МАСК ГИ КОМЕНТИРАШЕ ГРАДИТЕ НА СИДНИ СВИНИ Не може да е лесно!

Илон Маск предизвика бура од реакции на платформата X, откако реагираше со необичен коментар на објавата од премиерата на филмот „The Housemaid“ во Лос Анџелес, кадешто Сидни позираше во стилот на Мерлин Монро

590

Илон Маск повторно предизвика бура од реакции на платформата X, откако реагираше со необичен коментар на објава од премиерата на филмот „The Housemaid“ во Лос Анџелес.

Снимката од црвениот тепих, која ја објави списанието Variety, ја прикажува актерката  Сидни Свини во бел фустан во стилот на Мерлин Монро, додека позира за фотографите.






Додека коментарите беа полни со пофалби за нејзиниот изглед, Маск одговори на објавата со мем генериран од вештачка интелигенција кој го споредува изгледот на бујно деколте со оптоварување на ‘рбетот, со кратка порака: „Не може да биде лесно“.

Коментарот им се чинеше несоодветен на многумина, особено затоа што доаѓа од сопственикот на платформата.

Набрзо следеше лавина од критики од корисниците на платформата X, кои ја нарекоа реакцијата на Маск чудна и несоодветна, обвинувајќи го дека несоодветно коментирал за телото на младата актерка.

Поврзани содржини